Архитектура и градба - категорија

авенија повеќе

мн. авении
Вид збор: Именка, женски род
Широка градска улица, најчесто со дрвореди и цвеќиња.
Англиски: avenue

агол повеќе

мн. агли
Вид збор: Именка, машки род
Место, простор каде што се спојуваат две внатрешни страни на некој предмет, најчесто меѓу два ѕида во некоја просторија.
Англиски: corner Албански: kënd, qosh

ајат повеќе

мн. ајати
Вид збор: Именка, машки род
Трем, ходник, претсобје, собичка во куќата.
Турски: ayat

аквадукт повеќе

Види и: акведукт (м.)
мн. аквадукти
Вид збор: Именка, машки род
акведукт
Англиски: aqueduct

акведукт повеќе

мн. акведукти
Вид збор: Именка, машки род
Стар водовод, поставен врз градба во вид на мост со повеќе лакови.
Англиски: aqueduct

акустика повеќе

(едн.) акустиката
Вид збор: Именка, женски род
Особина на нешто да го пренесува звукот.
Англиски: acoustic Албански: akustikë

алабастер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Градежен материјал, ситно зрнест гипс со бела боја.
Англиски: alabaster

амамлак повеќе

мн. амамлаци
Вид збор: Именка, женски род
Дел од муслиманската куќа каде што се наоѓа амамот.
Англиски: bathroom Турски: hamamlık

антре повеќе

мн. антреа
Вид збор: Именка, среден род
Мало претсобје, предворје.
Англиски: entrance

апартман повеќе

мн. апартмани
Вид збор: Именка, машки род
Стан со повеќе простории, комфорен стан.
Англиски: apartment Албански: apartament
Стан или соба со нуспростории во хотел, болница и сл.
Англиски: apartment Албански: apartament

апсида повеќе

мн. апсиди
Вид збор: Именка, женски род
Полукружна и полусводеста ниша во ѕидот на некоја градба.
Англиски: apsis

арка повеќе

мн. арки
Вид збор: Именка, женски род
Архитектурно декоративен елемент во форма на лак.
Англиски: arch Албански: hark

аркада повеќе

мн. аркади
Вид збор: Именка, женски род
Отворен трем со столбови под низа од арки, лакови.
Англиски: arcade Албански: arkadë

арматура повеќе

мн. арматури
Вид збор: Именка, женски род
Метални делови во градежништвото кои претставуваат конструкција што ја држи градбата.
Англиски: armature

армира повеќе

армираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави метална конструкција на градежен објект, постави, поставува арматура.
Англиски: reinforce

армиран повеќе

Види и: армира (св. и несв.)
армираниот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) армира
Англиски: reinforced

армирач повеќе

мн. армирачи
Вид збор: Именка, машки род
Градежен работник што се занимава со армирање, што армира.

архитект повеќе

мн. архитекти
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по архитектура
Англиски: architect

архитектоника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вештина за складно комбинирање на деловите при градење; наука за градењето.
Англиски: architecture Албански: arkitektura

архитектура повеќе

архитектурата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за проектирање, изградба и уметничко обликување на градежни објекти.
Англиски: architecture Албански: arkitekturë
Стил на градба.
Англиски: architecture Албански: arkitekturë

асеизмичен повеќе

асеизмичниот
Вид збор: Придавка
Отпорен на сеизмички потреси; отпорен на земјотрес.
Англиски: aseismic

астар повеќе

мн. астари
Вид збор: Именка, машки род
Конструкција за покрив.
Англиски: roof truss Албански: demet çati

астарка повеќе

мн. астарки
Вид збор: Именка, женски род
Штица за конструкција за покрив.

асфалт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Горниот слој на пат или улица, покриени со асфалт.
Англиски: asphalt Албански: asfalt

асфалтен повеќе

асфалтниот
Вид збор: Придавка
Што е од асфалт, што се однесува на асфалт.
Англиски: asphaltic

асфалтира повеќе

асфалтираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обложи, обложува со слој од асфалт.
Англиски: asphalt

асфалтиран повеќе

Види и: асфалтира (св. и несв.)
асфалтирани
Вид збор: Придавка
Што е покриен со асфалт.
Англиски: asphaltic

атар повеќе

мн. атари
Вид збор: Именка, машки род
ограден простор
Англиски: plot Албански: gardh

атик повеќе

атикот
Вид збор: Именка, машки род
Поткровје или просторија во поткровјето.
Англиски: attic

атриум повеќе

мн. атриуми
Вид збор: Именка, машки род
Претсобје, преден дел од храм.
Англиски: atrium
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш